Отсутствует (исполнитель: Неизвестен)
Ниту име не ти знам, а со тебе имам план уште пред да те запознаам.Твојот свет е малку различен од мојот, поинаков ми е сонот, ти си свила ја сум сомот.Знам ти си ми единствена на светот за кого би го дал и животот само со тебе во него и никој друг, некогаш намерно вртам круг за да те сретнам случајно да внесеш топлина во студ, ама те нема, а толку си ми потребна сега додека душава ме стега и бара љубов и нега, време лета и како да ми смета секој ден што минува без тебе и тера пак да го нејќам секој туѓ поглед што ми дава надеж сите имаат нешто да кажат, ти имаш да дадеш енергија за да уште тука стојам и чекам да се појавиш еден ден за да бидеш само моја. После ноќта, уште си ми тема минута по минута те чекав и чекав, а уште те нема и веке незнам што да правам, дали да се откажам или да почнам јас да те барам овде во градов, некако е чудно, некако се осетив будно кога се расонив во тоа утро, знаев тогаш ке те сретнам па ми се појави како што те замислував црна и среќна и насмевка ко ангел очи темни не ни бевме спремни за тоа што не чека и ми вети, љубовта не заслепи а бевме свои, тие погледи сакав да бидат само мои и беа но не ми беше тоа планот, не сакав почетокот на се да биде почеток на крајот, кога сфатив искрено како се љуби сфатив дека тебе те нема, а јас во преграти сум туѓи.